Се запали автомобил во движење на Средно Водно

0
86

Вчера во 13:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на Средно Водно настанал пожар во патничко возило „пежо 308“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната М.З.С. од Скопје. Според пријавеното, М.З.С., додека била во движење со возилото, забележала чад од хаубата, по што застанала на паркингот. Пожарот е изгаснат од присутните. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.