СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТ ЗА ПРИСУСТВО НА КОРОНАВИРУС КАЈ УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ

0
73

Во овој момент се чекаат тестовите за евентуално присуство на коронавирус на уште едно лице кое дошло од Рим и се јавило на Клиниката за инфективни болести со знаци на грип. Резултатите ќе бидат готови за час и половина по што јавноста ќе биде информирана, рече на попладневната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Претходно негативни на присуство на коронавирус беа тестовите на двајца тестирани пациенти, еден возач на камион кој дошол од Северна Италија и една пациентка која допатувала од Рим.

Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје, која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19.