Синиша Алексовски: Не сум член на ВМРО-ДПМНЕ, немам никаква функција во партијата

0
83

Поранешниот советник на претседателот Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски тврди дека не е ниту член, ниту има некаква функција во ВМРО-ДПМНЕ. Тој ова го кажа на прашање на таркото на едно од убиените деца, Горан Наќевски кој го праша дали тие како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ биле под притисок на ДУИ за тиранска платформа. На забелешка од судот дека не треба да сава такви квалификации, Наќевски рече “Па ВМРО е”.

-Не сум член на ВМРО-ДПМНЕ и немам функции во партијата. Бев обичен државен службеник во кабинетот на претседателот кој немаше моќ во составување на таа влада, рече Алексовски.