Скап паркинг, возачка некултура и автобуси на ЈСП: Спојте ги и добивате ХАОС НА ВОДНО

0
81

Сончев ден во Скопје, веднаш ве асоцира на метеж на Водно. Иако градските власти имаа неколку обиди да најдат решение со кое што најатрактивната планина ќе ја ослободат од автомобилите, фотографијата од вчера покажува дека не успеале во намерата. Колони од паркирани автомобили покрај коловозот се забележуваа по патот до Средно Водно, кои очигледно ги паркирале несовесни возачи во обид да го избегнат скапиот паркинг на Средно Водно.

Имено, во април 2018 година, Градот Скопје донесе одлука паркирањето на Водно да се наплатува 100 денари за првиот час и 50 денари за секој нареден час. За да не можат да се паркираат возила покрај коловозот, се изгради и дрвена ограда. Ваквиот потег наиде на негодување кај граѓаните, кои сепак покажаа снаодливост во паркирањето.