Словенија: Уапсени пет полицајци, земале мито за лажни печати во пасош

0
132

Полицијата во Марибор уапси пет полицајци под сомнеж дека се дел од криминална група, која за да им овозможи престој во Словенија на странци, лажно им ставала печати во пасошите. На тој начин на странските државјани им бил овозможен престој во државата подол од максимално дозволените 90 дена, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Полицијата соопшти дека извршила претрес во повеќе објекти при што се најдени и запленети повеќе пасоши и околу 90 000 евра, за кој се симневаат дека се добиени од криминалните активности.