Случај „Рекет“: Јовановски и Ременски разменуваат пораки за Камчев и „Империја“

0
101

СКОПЈЕ –Бојан Јовановски и Фросина Ременски во комуникација разменуваат пораки за текот на истрагата за случајот „Рекет“, судскиот совет во Апелацискиот суд кој треба да одлучува околу притворот на Камчев, на Јанева пак и испраќа слики од мебел додека со Дејан Панделевски син на Цветан Панделевски, пораките се однесуваат на бројки.

Пораките од вештачењето на запленетиот мобилен телефон на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, беа презентирани на денешното рочиште како материјални докази.

„Моите информации велат дека утре Апелација ќе одлучува за ослободување на Камчев“, му пишува Фросина Ременски на Јовановски во СМС порака на мрежата „Ватсап“ испратена на 24 декември 2018. Јовановски враќа порака „Не“, а Ременски пак му одговара – „Дај боже“, и потоа ги набројува по имиња судиите од Апелацискиот суд со имиња кои ќе одлучуваат за притворот на првоосомничениот во „Империја“ – Орце Камчев. СМС комуникацијата меѓу Ременски и Боки продолжува со друга порака во која таа го информира дека пратеникот Антонио Милошоски во Собранието поставил прашање за „Коки“. Јовановски го следи обраќањто на тогашниот премиер Зоран Заев и испра две пораки до Ременски, „ Па он кажува дека ќе има истрага“ и „направи катастрофа“. Одговор од Ременски нема.