Совет на министри на ЕУ: Постои голема поддршка за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија

0
83

Советот на министри на Европската унија од состанокот во Брисел го поздравија променувањето на методологијата за процесот на пристапување во Унијата.

Од Советот порачуваат дека во март очекуваат позитивни одлуки за продолжување на процесот на проширување на Западниот Балкан.

-Постои голема поддршка за ангажман на три колосеци во 2020. година исто како и за ревидираната методологија, отворање на пристапните преговори со „Северна“ Македонија и Албанија, како и фокусирање на економскиот развој и владеењето на правото во регионот, изјави потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефровиќ.