Спасовски оптимист: Очекувам донесување на Законот за ЈО

0
83

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, е оптимист дека Законот за Јавното обвинителство на пленарната седница во собранието ќе го има потребното мнозинство за усвојување и оти маглата околу поентите од неговото донесување почнала да се расчистува.

„Јас очекувам дека тој закон ќе се разгледа на пленарната седница и дека ќе биде усвоен од Собранието“, рече Спасовски.