Спасовски: Со ДУИ имаме коректни релации, пред избори секогаш има тензии

0
81

Премиерот во техничката влада, Оливер Спасовски порачува дека мора во Собрание да се донесат сите законски решенија кои се договорени, па потоа да се распушти Собранието и да се оди на избори. По синоќешните пораки кои си ги упатија коалициските партнери, СДСМ и ДУИ, техничкиот министер се појави на надтан заедно министерот за образование од редовите на ДУИ, Арбр Адеми.

Спасоввски ја повтоти истата порака на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски кој синоќа на ДУИ им порача дека ако се опструираат законските решенија во Собрание, може да формираат ново парламентарно мнозинство. Но, Спасовски се надева дека ќе се реализира она што било договорено со ДУИ, но ако се прават опструкции ќе разговараат па ќе видат дали ќе прават ново мнозинство и со кои партии.