Средствата од Водици во Тетово донирани за три семејства

0
88

Средствата собрани од верниците при одбележувањето на Богојавление Водици во Тетово беа донирани во хуманитарна цели, со организирање на навивачката група Војводи кои беа дел од прославувањето во соборниот храм Свети Кирил и Методиј. Сите собрани средства се дадени за помош на три семејства од социјално-ранливи категорија.

-Финансиските средства се искористени за приклучок на електрична енергија и храна за домот на повеќедетното семејство од Брвеница, отворање на сметка за неколку месечна исхрана за лица од семејство кое се тешка материјална состојба во Копанце и за обезбедување на храна на семејство во Сиричино. Исто така во неколку претходни наврати навивачката група Војводи – Тетово со сопствени акции помогнаа во обезбедување на облека за социјално-незгрижени семејства и лица, информираат од навивачката група Војводи.