Стерјовски: Бугарија сака да прикаже вештачко бугарско малцинство во Албанија

0
72

Македонците во Албанија бараат институционална поддршка од македонските и албанските власти против асимилацијата која, како што велат, ја спроведува Бугарија врз македонското малцинство во оваа соседна држава.

Пратеникот во албанското Собрание, Васил Стерјовски, вели дека притисоците се засилени пред пописот што во Албанија треба да се спроведе годинава, затоа што Бугарија сака да прикаже вештачко бугарско малцинство.