Стравична глетка по сообраќајна несреќа во Земун

0
105

Тешка сообраќајна несреќа утрово се случила во Земун, во која едно лице го загубило животот на местото на незгодата и три се повредени. Стравични слики објавија медиумите од Србија по судирот во кој учествувале два автобуси и еден автомобил. Поради неприлагодената брзина според српските медиуми несреќата ја предизвикал возачот на автомобилот, кој потоа сакал да побегне, па бил уапсен од полицијата и со лисци на рацете приведен во полициската станица.

Според српските медиуми, загинал еден од возачите (31) на автобусите, кој од гаражата празен се упатувал да се вклучи на линија во јавниот превоз, а повредени се двајца патници и возачот од приватниот автобус кој веќе бил вклучен на редовната градска линија и превезувал патници.