Судењето на заканувачот Емил Јакимовски продолжува на 13 февруари

0
80

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почна судењето за случајот против Емил Јакимовски, обвинет е за семејно насилство врз неговата поранешна сопруга и за закани врз новинарката Мери Јордановска.

Денешното рочиште се одложи откако судијката рече дека на следното треба да дојде вештак психијатар, кој треба да ја образложи состојбата на Јакимовски. Обвинетиот денеска побара да му биде укината мерката притвор оти, како што рече, требало да се брани во граѓански спор поради отказот што го добил во Централниот регистар.

Адвокатот на Јордановска и на сопругата на Јакимовски, Јанаки Митревски рече дека обвинетиот треба да остане во притвор додека не заврши постапката, оти бил опасен за себе и за околината.