Судијката во “Рекет” повика Брза Помош за да се прегледа Боки 13

0
85

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, бара да се одложи денешното рочиште за случајот “Рекет”, бидејќи како што рече обвинетиот не е во состојба да го следи рочиштето. Тој дополни дека и по барањето на судијката, врз Јовановски не бил извршен конзилијарен преглед.

-Јовановски не беше прегледан од никого, лекарот констатирал дека нема услови да се изврши конзилијарно мислење, бил присутен само дежурниот лекар, рече адвокатот Дуковски.

Тој во расправа со судијката, инсистираше судењето да не се продолжи.

-Јовановски апсолутно не е во состојба да го прати денешното судско рочиште. Не контактибилен. Единствено ме извести дрка трпи ужасни болки во пределот на стомакот и му се дадени огромен број на седативи за спречување на болки. Да се изврши конзилијарно мислење и да не се посегнува по кршење на човековите права. Ве молам да го имате во предвид фактот дека обвинетиот не е во состојба да го прати рочиштето, рече Дуковски.