СУДСКИОТ СОВЕТ ЛАНИ ДОБИЛ БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ ОДГОВОРНОСТ НА 131 СУДИЈА

0
69

Во 2019 година поднесени се барања за утврдување одговорност за 131 судија и претседател на суд, што е големо зголемување во однос на 2018 година кога биле поднесени десет вакви барања до Судскиот совет, изјави денеска претседателот на советот Киро Здравев, на презентацијата на резултатите од мониторингот на работата на оваа правосудна институција.

Од Институтот за човекови права кој ја набљудува работата на судскиот совет заклучиле дека има подобрување во транспарентноста, ефективноста и отчетноста на советот но порачуваат дека за враќање на довербата важно е за членови на судот да бидат избирани лица за кои не постои сомнеж за нивниот интегритет и професионално делување.