Таравари: Алијансата за Албанците го поддржува законот за Јавно обвинителство

0
97

Градоначалникот на Гостивар од редовите на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во денешното гостување во емисијата Топ Тема изјави дека неговата партија го поддржува законот за Јавно обвинителство, и не гледа причина зошто би се одложиле предвремените парламентарни избори. Тој смета дека истиот треба да биде донесен пред распуштање на Собранието.

-Не гледам причина да се одложат изборите. Важно е да се одржат на 12 април. Ние како Алијансата за Албанците го поддржуваме законот за Јавно обвинителство, имавме 9 амандмани поголем дел се прифатени. Законот треба да помине во парламентот пред да се распушти Собранието, следуваат празници и нема да има можност во краток период по тоа да се изгласа законот.