(Видео)Тајландски војник убил 20 луѓе во близина на трговски центар, снимал во живо

0
86

Според најновите информации, убиени се 20 луѓе. Како што пренесуваат тајландските медиуми, војникот пукал по градот и убил најмалку 20 луѓе а потоа зел заложници во трговскиот центар во близина.

На социјалните мрежи се објавуваат фотографии од пукањето во близина на трговски центар.

Според полицијата, војникот, пред овој напад украл возило од својата касарна, пишува „Би-Би-Си“.

Инцидентот е се уште во тек. Властите се обидуваат да го пронајдат осомничениот кој наводно се наоѓа во зградата од трговскиот центар.

„Банкок Пост“ јавува дека напаѓачот држи заложници во шопинг центарот.

Полицијата ги предупреди луѓето да седат дома.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии од војникот кој го направил масакрот.

Напаѓачот пукањето го пренесувал во живо на Фејсбук а претходно направил селфи додека држи пушка.