Тензично и утрово на Лезбос и Хиос

0
106

Жителите на Лезбос и Хиос, по инцидентите во текот на ноќта и обидите да ги спречат камионите и булдожерите кои под силно полициско обезбедување стигнаа на островите за изградба на затворените центри и рано утрово продолжија со блокадите, јави дописничката на МИА од Атина.

Повторно беше тензично и на Лезбос и на Хиос, а локалното население овој пат блокадите ги постави на патот што води до локациите предвидени за изградба на затворените центри за бегалци и мигранти.