„Тетекс“ бара други алтернативи да продолжи со работа

0
100

Раководството и собранието на акционери на АД Тетекс треба да одлучи како понатаму ќе продолжи да работи фабриката, односно која од неколку варијанти за реорганизација ќе биде прифатена, вели првиот човек на синдикатот Љупчо Радовски. Според него моментално се работи на решавање на просторни, производни и кадровски проблеми.

Изјава Љупчо Радовски синдикат

Иако производство нема, а пред неколку дена се затвори последниот погон конфекција фабриката работи, вели Радовски. Во неа има педесетина лица кои работат администрација, одржување, а функционираат и дуќаните каде има залихи од роба за продавање.

Првиот човек на компанијата Глигорие Гоговски, накусо ни соопшти дека компанијата продолжува да работи, а во меѓувреме се испитува пазарот и се разработуваат идеи за повторни започнување со производствениот процес.

„Една од идеите сигурно нема да биде текстил. Разработуваме други идеи кои се однесуваат на фабриката, за нејзино реобновување, но сега не би сакал повеќе да откривам. Во секој случај АД Тетекс сега работи без проблеми. Се затвори конфекцијата поради нејзиното негативно работење кое моравме да го покриваме со други сектори од нашата компанија, рече генералниот директор Глигорие Гоговски.