Тешко повреден работник, паднал од објект на кој работел

0
72

На 10.02.2020 во 18.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен П.Т.(64) од с.Орешани. Според пријавеното, додека работел во фирма на бул.„Борис Трајковски“, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. На местото на настанот излегле полициски службеници, а бил известен и трудов инспектор.