Тинејџер чувал пиштол во автомобилот

0
74

Малолетник бил фатен од страна на службеници од Интервентната полиција со пиштол во својот автомобил.

Како што соопштува МВР, вчера во 12:30 полициските службеници на улицата „Кузман Шакапрев“ во Скопје го сопреле 16-годишниот тинејџер со патничко возило „фолксваген пасат“.

-При извршениот преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол “Walter“, калибар 7,65мм и една метална рамка со седум куршуми. Лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.