Трамп го наименува амбасадорот Гренел за директор на националното разузнавање

0
82

Американскиот претседател Доналд Трамп го наименува Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово за вршител на должноста директор на националното разузнавање, потег кој веднаш наиде на негодување кај критичарите. Оваа функција беше воспоставена по терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година и ги надгледува 17-те цивилни и воени американски разузнавачки агенции, вклучувајќи ја и ЦИА. Сенаторот Марк Венер оцени дека наименувањето на Гренел е обид да се избегне уставната улога на Сенатот да биде консултиран за такви важни безбедносни функции. Гренел важи за голем поддржувач на Трамп и тој ќе го замени Џозеф Мекгавјер кој беше на таа функција од август лани.