Уапсени тројца арачиновци за тешка кражба

0
83

На 24.02.2020 во 22.20 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Н.Е.(22) и двајца 17-годишни малолетници, сите од с.Арачиново, скопско, затоа што околу 21.40 часот на ул.„Трајко Китанчев“ извршиле тешка кражба на Љ.Д.(51) од Скопје и ѝ одзеле чанта во која имало пари, мобилен телефон и лични документи. По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и запреле патничкото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки во кое биле лицата, а при преглед во возилото биле пронајдени одземените предмети. Исто така, биле пронајдени прашкаста материја, марихуана, четири куршуми од пиштол, нож и две дрвени палки, а кај Н.Е. биле пронајдени 10.000 денари и два мобилни телефони. Лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.