Убиен поранешен припадник на ОВК, братот се сомнева во српската БИА

0
114

Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Ќерим Кељменди пронајден е утрово запален во неговиот автомобил во селото Захаќ во општина Пеќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Медиумите известуваат дека Кељменди првин бил застрелан со неколку куршуми, а потоа запален заедно со неговиот авотмобил, додека полицијата го оквалификува случајот како „убиство“.

Од полицијата наведуваат дека првично биле информирани оти во селото Захаќ гори автомобил, па дури подоцна, при гаснењето на огнот, се открило дека во него се наоѓа убиениот Кељменди.