Уште една жртва во трагедијата во Романовце, почина маж на КАРИЛ

0
89

60 годишен маж кој беше сместен на КАРИЛ им подлегна на повредите соопштија вечерва за Канал 5 од Ургентниот центар во Скопје.

Тој е четвртата жртва од експлозијата на плинска боца во семејната куќа во која што претпладнево загинаа и три деца. Уште шестмина членови на семејството се повредени и се згрижени на скопските клиники..

Уште тројца се во исклучително тешка состојба со голем степен на изгореници..

Двајца од шестмината се сместени на КАРИЛ, двајца на пластична хирургија, а неизвесна е состојбата и на четириесетгодишна жена и десетгодишното дете, кои се хоспитализирани во старата градска болница „Св.Наум Охридски“, каде е примена и 20-годишна бремена жена..