Филипче: Уште една жена со знаци на коронавирус се испитува на Инфективната клиника

0
78

Нејзиниот тест во една третина е парцијално позитивен, но Филипче вели тоа може да е вкрстена реакција од други вируси и верува дека на крајот ќе се покаже негативен резултат

Жена што се вратила од патување од Рим во моментов се испитува дали е заразена со коронавирус на Инфективната клиника во Скопје, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче. Нејзиниот тест во една третина е парцијално позитивен, но Филипче вели тоа може да е вкрстена реакција од други вируси и верува дека на крајот резултатот ќе биде негативен.

Во текот на вчерашното ден на скопската клиника бил примен и еден маж – возач на камион, кој патувал од Северна Италија и имал симптоми на грип, но тестирањето покажало дека нема коронавирус.