Фудбалери на Динамо во карантин

0
84

Двајца соиграчи на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во Динамо Загреб се во карантин од превентива поради коронавирусот, откако еден случај на заразен човек кој се вратил од Италија вчера беше хоспитализиран во загрепската болница „Фран Фихалјевиќ“.

После сознанија дека сопруга на еден наш фудбалер за викендов била во Милано, лекарската служба превентивно делувала и ги испратила со сопругата во болница. Засега не покажуваат симптоми на новиот вирус, на нив не се направени тестирања, но се испратени во домашен карантин и сето тоа ќе трае и ќе зависи од надзорот и проценките на епидемиолозите. На сите наши фудбалери им е препорачано да избегнуваат некакви патувања во регионите зафатени со вирусот“, објави Динамо.

Извор спорт1