ХАЈРЕДИНИ ДО МИЦКОСКИ: Ќе победите сигурно на избори

0
81

Господине Мицкоски дали ќе има кога вие ќе победите на предвремените избори, затоа што последни редовни избори во Македонија имало последно во 2006 година, дали поради тоа што ќе победите годинава ќе има повторно предвремени избори? – го праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, на вечерашната дебата на „Топ тема“ на Телма телевизија.

Мицкоски му се заблагодари на Хајредини за согласноста дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следниве избори и рече дека е убеден дека програмата којашто ќе ја спроведе ВМРО-ДПМНЕ ќе трае четири години и дека после четири години ќе разговараме за резултатите од таа програма.