ХРВАТСКИТЕ ВЛАСТИ АПЕЛИРААТ УЧИЛИШТАТА ДА ГИ ОТКАЖАТ ПАТУВАЊАТА ВО ИТАЛИЈА

0
88

Министерството за образование и наука на Хрватска издаде препорака до сите училишта, поради коронавирусот да ги откажат патувањата во Италија, јави дописникот на МИА.

Оваа препорака е во склад со таа на Министерството за здравство и се издава поради безбедност на учениците и наставниците.

– Ве советуваме во наредните неколку месеци да ги откажете организирани патувања во Италија – се наведува во соопштението од ресорното министерство.