Царовска: Движењето на економијата ќе одреди дали ќе има покачување на минималната плата

0
79

Ново зголемување на минималната плата нема да има се додека не се види дали економијата ќе може да издржи уште еден раст, тврди вицепремеирката Царовска. Вчера текстилците побараа државата да се воздржи од ново покачување, зашто ако тоа се случи тоа може да дојде до крах на оваа индустрија која и без тоа има потешкотии во работењето. Царовска уверува дека во следниот период приоритет ќе биде подобрување на продуктивноста на компаниите.

Експертите веќе посочија дека анализите покажуваат оти минималецот не повлече раст и на останатите примања поради што помалку продуктивните работници се изедначиле со платите со оние со повисоки квалификации.