Чулев: незаконска е одлуката на владата за поништување на распоредувањата

0
80

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска преку соопштение испратено од МВР наведува дека незаконска е одлуката на Владата за поништување на 88 решенија за распоредувања во МВР кои тој ги донесе. Чулев на вработените им порачува да продолжатбез никакви притисоци и совесно и одговорно да ги извршуваат работните задачи и обврски.

„Одлуката на Владата со која се поништуваат конкретните решенија за распоредување на работниците во Министерството за внатрешни работи е противзаконска и донесена во постапка која е спротивна на одредбите од прописите кои го регулираат работењето на Владата, а особено во спротивно со одредбите на Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за Влада“, наведуваат во писменото соопштение од МВР во кое се цитира министерот Чулев.