Чулев не смета дека ја попречил истрагата за кокаинот

0
71

ехничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев смета дека не ја попречил меѓународната акција за спречување шверц на кокаин во чии рамки беше запленет еден килограм дрога во селото Крушопек, скопско.

„Во однос на лажните обвинувања и спинувања за наводно мое попречување на истрагата, ја информирам јавноста дека тие се целосно неточни. Имено, во координација со италијанските партнери и надлежен македонски јавен обвинител на мојата прес-конференција, и покрај инсистирањето на медиумите, информациите кои јас ги објавив беа строго селектирани, целосни и точни. Ниту еднаш во моето обраќање на споменав количина, контролиран транспорт и имиња на конкретни држави. Веројатно, изнервирани од фактот дека медиумскиот ексклузивитет го граделе врз основа на неточни и непроверени информации, моите политички противници се обидоа тој гаф да го сокријат со евентуални забелешки дека со мојот прес сум ја попречил истрагата“,

вели Чулев.