Чулев по акцијата во Крушопек – Помина времето на соработка помеѓу МВР и криминалот

0
80

Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата, истакна техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, по полициската акција во Крушопек.

-Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности, напиша Чулев.