Шекеринска: Се покажа кој навистина е за НАТО и ЕУ, а кој манипулирал

0
92

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска им се заблагодари на 80-те пратеници во Собранието кои гласаа за измените и дополнувањата на Законот за одбрана и му честита на поширокиот тим од МО и од Армијата, кој го изработи во изминатата година.

Со овој закон, појасни таа на денешната прес-конференција, се утврдени сите наши внатрешни механизми за практикување на членството во НАТО. Според Шекеринска, со Законот за одбрана ќе прејдеме од индивидуална одбрана, во системот на колективна одбрана, што е, потенцира, и најголемата видлива придобивка од членството во Алијансата.

Таа посочи дека со Законот за одбрана целосно е уредено како ќе се применува членот пет од Северноатлантскиот договор, познат како сите за еден, еден за сите, член што ги обврзува членките на Алијансата да се штитат едни со други и го гарантира духот на солиданорст и колективна одбрана.