Шеќеринска -Знаете за ВМРО-ДПМНЕ кога има северна?

0
78

Овој парламентарен состав почна со насилство од ВМРО-ДПМНЕ и завршува со насилство од ВМРО-ДПМНЕ,изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-27 години партијата збореше за евроатлански интеграции, но во последните 2 години направи се за да го спречи нашето членство во НАТО.ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да биде опозиција. Се жалат на поткуп во случај кога имаат министер за внатрешни работи. Ова не е сериозна дискусија. Не е во ред да се тера кампања „никогаш северна“. Знаете за ВМРО-ДПМНЕ кога има северна? Кога се бара нешто од Собранието, сите се потпишуваат на Република Северна Македонија, Мизрахи Ѓорчев, Мицкоски. Не може само да важи за личните барања, а за крупните одлуки односно интеграцијата на државата, да не важи, вели Шекеринска.ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за биде опозиција. Треба да се плашиме од кампања каде оваа партија секој ден ќе си обележува едно алиби за пораз. ВМРО можеше и да предложи нов минситер, да номинира кој сака, после разрешувањето на Мизрахи можеа да дадат нов предлог, но не го направија тоа истакна министерката Шекеринска.