ШТИПСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ПОДГОТВЕНО ДА БИДЕ КАРАНТИН ЗА СОМНИТЕЛНИ ОД КОРОНА

0
73

Се уште не добиле прецизни насоки од Министерството за здравство, но директорот на штипската Клиничка болница тврди дека се подготвени инфективното одделение да стане карантин за опсервација на сомнителни случаи и оние кои биле во контакт со лица заразени со корона вирус. Бидејќи немаат, веќе поднеле барања до Министерството за здравство, за скафандери и заштитни наочари, а дополнителни набавки врши и болничката аптека.

Георгијев вели дека не е добро да се шири паника и да се креираат лажни вести во врска со коронавирусот, а граѓаните единствено треба да ги следат препораките на надлежните институции. Согласно препораките од денес се забранети сите посети во болницата, Се уште не е прецизирано до крај како ќе тече постапката, но некои работи ќе се решаваат во зависност од бројот на евентуално заболени.