Што предвидува новата методологија на ЕУ

0
75

Колегиумот на комесари на ЕУ денеска усвои нова методологија за процесот на пристапување во ЕУ, чија цел е враќање на веродостојноста на членството на Западен Балкан”, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

На денешната прес конференција во Брисел на која беше објавена новата методологија за пристапните преговори, Вархеји рече дека земјите членки на ЕУ треба да одобрат нова методологија пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб во мај, паралелно со започнувањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Вархеји кажа дека ревидираната методологија за пристапни преговори со ЕУ како „прв елемент на новата стратегија претставена од новата Европската комисија“ се заснова на четири основни принципи, а тие се кредибилност, посилно политичко лидерство, динамичност и предвидливост.