Јавното обвинителство отвори истрага за недостаток на пасоши

0
71

Јавното обвинителство отвори истрага за недостатокот на пасоши. Чулев објави дека досието го доставил до Обвинителството за организиран криминал и корупција. Со оглед на тоа, ова обвинителство информира дека собираат релевантни докази за евентуална злоупотреба во МВР.

Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

„Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од Министерството за внатрешни работи е пристигнато известување по добиени сознанија за незаконско постапување при спроведување на постапка за набавка на документација за лични документи. Известувањето е распределено за постапување кај јавен обвинител кој веднаш презеде активности за расветлување на изнесените наводи.”

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи ја затвори телефонската линија што се користеше за закажување на термините за пасоши. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наце Чулев рече дека во резервите во моментот има околу 3.700 пасоши, кои можат да се издаваат самосо посебни барања за итните случаи на граѓаните. Чулев повтори дека овој проблем го наследил од неговиот претходник во МВР, Оливер Спасовски.

Министерството за внатрешни работи се обидува да најде привремено решение за недостатокот на пасошите. Алсат дознава дека една од опциите што МВР ги предложило на Владата е со апостилски печат да се продоложи рокот на пасошите додека стигнат новите. Неофицијално, МВР бара преку известување од Министерството за надворешни работи, апостилскиот печат да биде препознаен од другите држави за 16.500 граѓани кои аплицирале преку редовната постапка и 650 преку брза постапка, кои нема да можат да добијат пасоши се до крајот на март.