ЈО ДАДЕ НАРЕДБИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО ПРЕДИСТРАГАТА ЗА „ДРИСЛА“

0
86

Главниот инспектор во Град Скопје кој на 13.12.2019 година поднел пријава до Јавното обвинителство за констатирани неправилности со управивањето на медицинскиот отпад на битолската фирма „Еко клуб“ не доставил никакви докази за констатирани неправилности од страна на инспекторот, информираше денеска Основното јавно обвинителство Скопје.

„Веднаш, истиот ден по приемот на кривичната пријава, дежурниот јавен обвинител пред кој беше пријавен настанот и кој изготви записник за прием на кривична пријава, издаде наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази во поглед на наводите во пријавата. Од страна на СВР Скопје беше постапено по наредбата и до скопското обвинителство беше доставено известување со обезбедени и приложени писмени докази.За целосно утврдување на фактичката состојба, обвинителството ја продолжува предистражната постапка“ – ОЈО Скопје.