Џафери за Законот за Совет на ЈО: Јас згрешив и не е крај на светот во три години ако направам грешка

0
82

Собранискиот спикер Талат Џафери тврди дека во носењето на Законот за јавно обвинителство и Законот за Советот на јавни обвинители нема проблеми во процедурата и дека неговата најава дека Законот за Советот на јавни обвинители треба да се донесе со бадентерово, а не со просто мнозинство било негова ненамерна грешка.

-Воден од претходните седници дека две законски решенија беа изгласани со бадентерово мнозинство реков да се подготват за гласање со Бадентер, но кога го гледав сценариото официјално, сфатив дека сум во грешка. Најнормално е човек во таква атмосфера, во такви услови да направи грешка, тоа не е нешто од кое произлегле последици. Законот беше изгласан без Бадентер, така како што е пропишано. Ова беа измени и дополнувања на Законот, основниот закон се донесе без Бадентер, и измените беа донесени без Бадентер. Тоа може да се провери со листингот. Да, јас згрешив, не е крај на свеот ако кажам дека згрешив. Во три години и јас имам право на грешка, рече Џафери.