14 годишно девојче е прва жртва од сезонскиот грип

0
118

14 годишно девојче е прва жртва од сезонскиот грип во државата, потврди епидемиологот Гордана Кузмановска од институтот за јавно здравје. Девојчето починало од компликации на здравствената состојба а информација за ова испратиле од Детска клиника до институтот за јавно здравје.

Само оваа недела од грипот има 3 700-тини заболени од сезонскиот грип.

Кузмановска потврди и дека македонскиот државјанин кај кого е потврдено присуство на коронавирусот, бил пренесен во болница во Јокохама и е во стабилна состојба. Кај него била констатирана блага форма на болеста.