27 април, Русковска ќе го склопува како мозаик, Јанакиевски со реконструкција

0
78

Миле Јанакиевски ќе прави реконструкција на 27 ми април, Трајко Велјановски најави докази дека обвинението било со цел да се влијае на пратениците да гласаат за уставните измени, но сите четворица обвинети организатори, поранешни функционери, беа едногласни дека не се виновни, дека обвинителството нема докази и дека обвинението е политички прогон.

Обвинителката ќе докажува дека Јанакиевски и Ристовски се јавувале по партиски штабови, организирале превоз и масовни протести . Атанасовски ги координирал групата предводена од Александар Василевски Нинџа и патриотските здруженија а Велјановски се допишувал со Груевски и постапувал спротивно на деловникот. Го одбил предлогот на Оливер Спасовски за промена на точките на дневниот ред а преку ред му дозволил на пратнеикот Зекири да ја пее албанската химна, иницијална каписла за упадот во Собранието.