Tехничката влада во технички нокаут

0
89

Премиерот на техничката влада, Оливер Спасовски, поднесе предлог до Собранието за разрешување на министерката за труд и социјална политика од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, поради непочитување на Уставот, односно одредбите од Преспанскиот договор.

– Во согласност со членот 94 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлагам Собранието на Република Северна Македонија да ја разреши Рашела Мизрахи, министерка за труд и социјална политика во влада на РСМ. Предлагам Собранието да ја разреши на првата седница – напиша Спасовски во предлогот за разрешување на Мизрахи

Барањето за разрешување на министерката Мизрахи доаѓа како последица на нејзиното повеќекратно појавување на прес-конференција во МТСП пред пано на кое е напишано старото уставно име на државата – Република Македонија. Претходно, министерот за надворешни работи Никола Димитров му предложи на премиерот Спасовски да ја разреши Мизрахи од министерската функција.

Во меѓувреме, по најновите случувања, се зголемија и тензиите на релацијата власт – опозиција.