Адеми: Училишната година не мора да заврши на 10 јуни

Училишната година не мора да заврши на 10 јуни, истакна на денешната прес-конференција Арбер Адеми министерот за образование на прашање поврзано со актуелните мерки поврзани со Корона вирусот.

Во основното образование имаме нов Закон за основно образование каде што е предвидено колку наставни денови треба да има училишната година. Исто така е предвидено јасно, кристално, чисто и концизно што треба да направат надлежните институции кога имаме прекин на наставата поради епидемија и вонредни состојби. Имаме две опции. Училишната година не мора да заврши на 10 јуни. Втората опција е подготвување на скратени наставни програми. Пред да се определиме за која било опција треба да се измени и дополни годишниот календар за организирање на настава. Така што образовните институции ќе бидат благовремени известени од нашата страна. Ова изменување и дополнување на календарот може да се направи и сега и по 14 дена, зависно со какви ситуации и состојби ќе се соочиме, рече Адеми.