Алијанса на Албанците оди на избори со еминентни високообразовани кадри


Политичките партии ги прават своите последни подготовки за нивните листи за пратеници.

Алијанса на Албанците на Зијадин Села за овие парламентарни избори на пратеничките листи го подготвува својот најсилен тим.

Како што велат од оваа партија, покрај лидерот Зијадин Села, на изборите ќе се натпреваруваат со истакнати личности, кои веќе се познати и уживат голем популарните кај албанското гласачко тело во државата.

Еминентни имиња со научни титули и високи партиски позиции, велат од Алијанса.

Покрај Зијадин Села, можни имиња за носители на листи и пратенички места се: проф. Д-р Халил Снопче од Гостивар, проф.д-р Елми Азири од Куманово, м-р Ремзи Мехмеди од Кичево, м-р Бујаре Абази од Скопје, м-р Омер Ајдини од Липково, претседател на ФРАШ, проф. д-р Арта Точи од Тетово, д-р. Флакрон Беџети од Тетово, д-р. Вулнет Ферати од Тетово, м-р Илире Даути од Желино, најактивниот и најгласниот поранешен пратеник , Сирија Рашиди.

Освен овие имиња кои веќе ги поминале пapтиcкитe филтри има и многу личности од различни професии од Централното претседателството и Централното собрание на партијата кои ce очекува дa добијат виза на Централното партиско собрание на AA , како највисоко партиско тело кое одлучува за конечни списоци за предвремените избори на 12 април./Глас.мк