Боки 13 да ти бил регионална модна икона

На „модно освестениот“ Бојан Јовановски, според исказите на сведоците што ги предложи, големи модни куќи му подарувале облека затоа што тој бил инфлуенсер.

Денешното рочиште на судењето за случајот „Рекет“ повеќе личеше на пофалби за модниот стил на Бојан Јовановски отколку што откри повеќе детали дали тој изнудувал пари од Орце Камчев. Тие пофалби дојдоа од сведоците што беа предложени од Боки 13.

Познатиот стилист од скопската сцена, Сергеј Варошлија, кој беше една од главните личности во телевизијата 1ТВ, го претстави Јовановски како негов пријател последните 15 години.