Бркотница кај Прилеп – бегал со возилото, полицајци му пукале во гумата

35-годишен прилепчанец не само што не сакал да го сопре возилото што го управувал, туку и се обидел и да прегази полицајци.

Инцидентот се случил откако прилепчанецот не бил пронајден дома, баран за кривично дело,,предизвикување на општа опасност”. Потоа, тој бил пронајден како управува возило на улицата ,, прилепски бранители”, по што, со службено полициско возило бил даден знак да застане, но истиот продолжил да вози.

Полициските службеници со соодветна опрема и обележување, го запирале возилото, но тој не го сопирал автомобилот, а во неколку наврати имало обиди да ги прегази полицајците.

Бркотницата завршила кога еден од полицајците бил принуден да пука од пиштол во гумите на автомобилот и возилото запрело. На прилепчанецот му е одредена мерка притвор за сторено дело спречување службено лице во вршење службено дејствие.