(ВИДЕО) Вучиќ се закашла на прес па рече: Не грижете се, не удира гром во коприва!

0
179

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се закашлал на прес конференција, додека една од новинарките му поставуваше прашање, поврзано со корона вирусот. Вучиќ ги смири новинарите велејќи им дека не е заразен со вирусот.

„Не грижете се, претходниот пат имав кивавица, а сега само се закашлав. Знам дека многумина сакаат да е нешто друго во прашање, но не е – “не удира гром во коприви“, изјавил Вучиќ низ насмевка и потоа продолжил да одговара на новинарските прашања.