СДСМ повторно безочно лаже. СДСМ три години се на власт и освен скандалозните програми, скандалозната Национална стратегија, скандалозниот Предлог-закон продолжуваат и понатаму да лутаат во лавиринтот на безидејноста, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ги советуваме гласноговорниците од СДСМ добро да си ги проверат изнесените невистини бидејќи во нивниот Предлог – закон за култура делегираниот буџет не постои, а повеќе-годишно финансирање е сосема паушално наведено без никакви механизми за имплементација. Исто така, инвестиции во културата не постојат, нешто по кое ќе остане препознатлива оваа Влада на СДСМ која во својот мандат нема заковано ниту една шајка во институциите од областа на културата. Културните работници знаат да препознаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија во која културата секогаш била врвен приоритет. Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди Програма за враќање на дигнитетот на македонската култура и унапредување на нејзиниот развој во сите сегменти, се наведува во соопштението.