Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата.

Венко Филипче на својот Facebook акаунт соопшти дека има 144заболени од корона вирус.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје (88)

– Дебар (40)

– Куманово (8)

– Штип (7)

– Кавадарци (2)

– Охрид (2)

– Гостивар (1)

Поради собирање на податоците до 12:00 часот, за деталниот извештај ќе информираме секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот.